Македонија

Тешки провокации на Села: Албанците не се малцинство, туку автохтон народ со капацитет да води војна, или да ја дестабилизира С.Македонија, но и да ја одржува стабилна!

„Во С.Македонија постои двонационална ралност, албанска и македонска реалност и затоа ние бараме бараме институциите да функционираат на два јазика. Албанците не можат да бидат третирани како малцинство, тие се автохтон народ, кој учествува со повеќе од една третина во вкупното население. Албанците имаат капацитети да водат војна, или да ја дестабилизираат државата, но и да ја одржуваат С.Македонија како стабилна. Без Албанците таа не може да има перспектива, ниту иднина.“ – изјави Зијадин Села во својство како лидер на новооснованата албанска партија „Албанско движење“ во интервјуто за локалниот медиум на албански јазик „ Полог њуз“

Според Села, Албанците во Македонија „имаат непријател, кој сака да ги држи да не бидат слободни, туку угнетени“. „Тој непријател настојува секој ден да нѐ прави како граѓани од втор, или трет ред. Нашиот главен политички непријател се оние од македонскиот политички блок, кои ја оневозможуваат нашата рамноправност и кои нѐ спречуваат да го земеме она, што ни припаѓа нам.“

Како што пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, преку тоа интервју Села упатил повик до албанските лидери за седнување на „заедничка маса“, заради „продолжување на соработката“. „Ги поканувам лидерите на албанските парламентарни партии да ја свикаат Заедничката маса, бидејќи имаме многу важни теми за дискусија. Им оставам на поголемите партии да организираат!“ – нагласи Села во интервјуто“.

Тој ја истакна „итната потреба од координација“, наведувајќи дека „моментната ситуација бара директна комуникација меѓу албанските политички сили во С.Македонија“.

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top