Бизнис

ДЗС: Инфлација од 5,7% во април, храна поскапа за 8% за една година

Инфлацијата во април бележи повторно зголемување. Државниот завод за статистика денеска објави дека трошоците на живот во април на годишно ниво бележат зголемување од 5,7 проценти, а цените на мало раст од 5 проценти.

Тенсиите на Блискиот Исток си го направија своето. Забрзува инфлацијата во Македонија. Индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи зголемување од 5.7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.0 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Храната поскапела за 1%, на удар транспортните услуги кои ќе влијаат во крајната инфлација за април, вели премиерот

Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве – рече Мицкосцки. Тој посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. Во Бугарија е веќе над 6 отсто, Хрватска се движи околу 6, а Грција околу 5.

РКЕ: Ќе се преиспитуваат блоковите за потрошувачка на струја, што ќе значи тоа за сметките?!

Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, смета дека треба да се направи детална анализа на системот со четири тарифни блока за електрична енергија. Според него, нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ. „Мој личен став е дека треба да се отвори и ова прашање ќе го разгледаме во […]

(Фото): Инфлација од 4%, економски раст за 3,5%, очекува Народна банка

Кризата на Блискиот Исток притиска, последиците се чувствуваат. Народна банка ги ревидираше проекциите. Годинава економскиот раст ќе биде помал, а инфлацијата речиси двојно повисока од онаа што претходно ја очекуваа монетарните власти. Гувернерот Славески вели дека причината не е во домашната економија, туку во надворешните шокови, пред сè војната на Блискиот Исток, поскапата нафта и глобалната неизвесност. Според него, Македонија како мала и увозно зависна економија, директно ги чувствува последиците од случувањата во светот.

Групацијата ЕОС повторно дел од NPL панелот на Европската комисија – силен придонес на ЕОС Матрикс Македонија во финансискиот сектор

Реизборот има особено значење и за локалниот пазар, каде ЕОС Матрикс Македонија игра клучна улога во развојот и стабилизацијата на секундарниот финансиски пазар

Народна банка: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика

На дијалогот, посочуваат, учествуваше вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, кој нагласи дека ваквите оценки ја потврдуваат соодветната поставеност на монетарната политика насочена кон одржување на ценовната и стабилноста на девизниот курс во услови на зголемена глобална неизвесност.

To top