Македонија

14-годишниот Илија Гигов од Велес е новиот херој, нашол 46.000 денари и ги пријавил во полиција

Началникот на СВР-Велес по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција му додели благодарница на младиот велешанец Илија Гигов

СВР-Велес , денот на македонската полиција 7 Мај, реши да го одбележи со гест на укажување искрена благодарност и восхит на 14-годишниот Илија Гигов од Велес, кој со своја лична постапка покажа дека најважни одлики во животот на еден човек се чесноста, одговорноста и добрината.

Пред неколку денa, овој мал јунак со големо срце одржа лекција како за своите врсници, така и за возрасните.

Имено, движејќи се кон училиште, Илија пронајде банкарска книшка и 23 банкноти од по 2000 денари. Без размислување веднаш ги известил своите родители, пронајдените средства ги пријавија во полиција и истите веднаш беа вратени на сопственикот.

Илија со само 14 години со својата хуманост и добронамерност покажа високо ниво на морални вредности вредни за почит и благодарност. Неговата постапка претставува светол пример и инспирација за сите нас.

Најнови вести од: Македонија

To top