Македонија

Антонио Кошта денеска во Скопје

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта,  денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан. Најавенао е дека тој ќе биде примен од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. а ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски. По средбата што ќе се одржи во Владата предвидена е заедничка […]

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта,  денеска ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан.

Најавенао е дека тој ќе биде примен од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. а ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски.

По средбата што ќе се одржи во Владата предвидена е заедничка прес-конференција на Мицкоски и Кошта.

Кошта претходно ги посети Белград и Сараево, а целта на неговата регионална посета е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.

„Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично“, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја.

Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со посетата на Скопје на претседателот на Европскиот совет, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

„Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени и тука нема промена, затоа што од другата страна не гледаме барем во овој момент било каков сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источен сосед. Ќалам што е тоа така и се надевам дека во периодот што следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми“, истакна Мицкоски.

Додаде дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Европската политичка заедница во Тирана.

Полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, во интервју за МИА во петокот, рече дека посетата на претседателот на Советот на Европската Унија Антонио Кошта на Скопје следната недела, е уште еден силен сигнал на приоритетите на ЕУ и оти фактот што го посетува Западен Балкан и што доаѓа во Скопје, е доказ дека се подготвени за проширување.

„Од моја перспектива, исто така можам да споменам дека нашиот премиер Доналд Туск, ќе го посети Скопје во следните неколку месеци и ова ќе биде уште еден сигнал дека ние се грижиме за Северна Македонија, дека ја поддржуваме државата, дека Претседателството, Советот на ЕУ го поддржуваат процесот на отворањето преговори и тоа е силен знак дека ќе чекаме одговор од македонска страна, нагласи амбасадорот“,  рече Бримора за МИА.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Во недостиг на идеи, СДС шири шпекулации за државјанствата

За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, неосновани се обвинувањата дека некои негови сопартијци имаат и бугарско државјанство, бидејќи токму тие се потписници на предлогот пратеник да има само македонско државјанство

Одложено судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

Судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и да изврши убид во доказите

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија

Со успешно реализираното оценување, ЛПБГ ја потврди својата обученост, високата борбена подготвеност и интероперабилност со сојузниците, што претставува значаен придонес во зајакнувањето на капацитетите на Армијата и НАТО – се нагласува во соопштението на Генералштабот на Армијата

(Фото): Евтин ботокс за грѓаните, ризикувале и ги унаказиле – полицијата почна истрага

Акцијата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и на Министерството за внатрешни работи отвори сериозни сомневања за постоење добро организирана мрежа која стои зад нелегалниот увоз и дистрибуција на медицински средства што се користат во естетските третмани.

To top