Македонија

И претедателката со личен пример за почиста средина

Особена чест ми е што денес сме заедно со претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, со госпоѓа Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамер Хоџа, како и заменичката Ане Лашкоска, напиша Ѓорѓиевски на на социјалните мрежи

Градоначаликот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави дека денеска започна акцијата „Генералка  викенд“, која ја оцени како најмасовна акција од ваков тип на Балканот, со учество на десетици илјади волонтери, институции, организации и компании од целата држава.

„Чистата животна средина е заедничка одговорност. Секој има улога во изгледот на својата улица, маало, град и држава“, порача Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека чистотата на Скопје останува еден од главните приоритети на градските власти и дека јавните претпријатија и службите работат во три смени на одржување на хигиената.

Ѓорѓиевски најави и кампања за подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, како и засилени инспекциски контроли на терен.

„Љубовта кон Скопје не се покажува само со зборови, туку со дела – со секоја чиста улица, зачуван парк и одговорно однесување“, истакна тој.

Според него, само со заедничка ангажираност може да се изгради чист, уреден и достоинствен главен град…“објави градоначалникот на главниот град.

Особена чест ми е што денес сме заедно со претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, со госпоѓа Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамер Хоџа, како и заменичката Ане Лашкоска, напиша Ѓорѓиевски на на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top