– Заканите на Бујар Османи покажуваат кои се вистинските намери. Тоа е закон, што е одобрен од страна на Венециската комисија дека ги исполнува сите меѓународни услови. Неговата изјава е фолклор што ќе го слушаме во периодот, што следува. Ние имаме меѓукоалициски договор, законот е испратен во Собранието и очекувам да се усвои час поскоро – рече Мицкоски.