Македонија

Скопје ќе добие „Луна парк“ вреден 10 милиони евра

Новиот забавен парк ќе биде поставен на значително поголема површина од поранешниот лунапарк, а ќе опфати и делови од просторот во Градскиот парк кои во минатото се користеа за летни локали и забавни содржини

Проектот, чија вредност се проценува на околу 10 милиони евра, треба да донесе ново место за рекреација, забава и туристичка атракција во главниот град.

Според информациите објавени преку системот за јавни набавки, договорот за реализација на проектот е доделен на компанијата „Мастеф“, која ќе биде задолжена за проектирање, набавка и поставување на новите реквизити и содржини.

Новиот забавен парк ќе биде поставен на значително поголема површина од поранешниот лунапарк, а ќе опфати и делови од просторот во Градскиот парк кои во минатото се користеа за летни локали и забавни содржини.

Проектот предвидува поставување на дваесетина модерни атракции за деца и возрасни, меѓу кои панорамско тркало, ролеркостер, адреналински реквизити, семејни вртелешки и интерактивни содржини. Покрај забавните елементи, планирани се и пешачки зони, зеленило, фонтани, угостителски објекти и дополнителна инфраструктура за посетителите.

Идејата за изградба на нов лунапарк постои повеќе од една деценија, но проектот низ годините беше прекинуван, менуван и одложуван поради административни и финансиски причини.

Со новиот договор, градските власти најавуваат конечно придвижување на проектот и почеток на реализацијата.

Ѓорѓиевски: Се расчистува просторот за изградба на Луна паркот (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Вештачката интелигенција е секојдневие за македонските ученици, но сепак имаат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

To top