Свет

Путин: Се ближи крајот на војната во Украина

Рускиот лидер изјавил дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во трета земја, но дури откако ќе се утврдат условите за можен мировен договор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека смета оти војната во Украина се приближува кон крајот, само неколку часа откако на парадата по повод Денот на победата во Москва порача дека Русија ќе ја порази Украина.

„Мислам дека работата се ближи кон крај“, изјавил Путин за војната, која прерасна во најсмртоносен конфликт во Европа по Втората светска војна. Тој повторно ја обвинил западната поддршка за Киев за продолжување на конфликтот и оценил дека Западот очекувал „пораз на Русија и распад на државата“, што според него не се случило.

Рускиот лидер изјавил дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во трета земја, но дури откако ќе се утврдат условите за можен мировен договор. „Тоа треба да биде завршна точка, а не сами преговори“, рекол Путин.

 

Најнови вести од: Свет

Говедското месо во оваа земја поскапе за 150%, слабее и валутата

Иран се закани со одмазда против секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува потег што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го опишува како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“.

Која е русокосата асистентка на Трамп која му е поважна и од државниот секретар Рубио?

За време на кампањата на Трамп, наводно, Натали се нашла во неговите приватни простории во Мар-а-Лаго, во делот во кој обично е забранет пристап за сите надвор од семејството, каде што на неа наишла Меланија Трамп. Харп наводно му доставувала документи на претседателот бидејќи не сакала да чека до утрото

To top