Свет

Иран доставил одговор на американскиот предлог за прекин на војната

Според предлогот на Иран , сегашната фаза од преговорите ќе се фокусира исклучиво на прекинување на непријателствата во регионот

Иран го испрати својот одговор на американскиот предлог, насочен кон прекин на повеќе од двомесечната војна, до медијаторот Пакистан, соопшти во недела иранската новинска агенција ИРНА.

Според предлогот на Иран , сегашната фаза од преговорите ќе се фокусира исклучиво на прекинување на непријателствата во регионот, изјавил извор запознаен со ситуацијата за ИРНА.

Извори од двете страни изјавија за Ројтерс дека најновите мировни напори биле насочени кон привремен меморандум за разбирање што би ја запрел војната и би овозможил сообраќајот да тече низ Ормутскиот теснец, додека се преговара за поширок договор што би требало да ги реши тешките спорови како што е нуклеарната програма на Иран.

Најнови вести од: Свет

Премиерот на Канада му возврати на Трамп за преименувањето на езерото Онтарио во „Америка“: Своето име го носи 400 години пред да настанат САД!

Канадскиот премиер Марк Карни се огласи откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука езерото Онтарио да го преименува во „Езеро Америка“.

Најмалку 547 мртви во поплавите во Непал и Тибет

Во катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето во Непал и Тибет животот го загубија најмалку 547 лица. Повеќе од 1.400 лица сè уште се водат како исчезнати, вклучувајќи стотици странски државјани, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на непалските и кинеските власти.

Најнови вести

To top