Македонија

Гане Тодоровски: Ој, Македонијо, колку ли уште ни треба, за да те домакедончиме!

„Живите треба да живеат, мртвите ќе починуваат… / Ој, Македонијо, науми почит кои мртвите, / збери ги коските на своите закубеници, / коските Мисирковите, коските Цепенковите, /коските Ѓорче Петровите, / прибери ги во Скопје, / покpaj Гоцевите, покрај најсветите, / и крени крај нив паметник / на неродениот Македонец — Ој, Македонијо, / колку ли уште ни треба / за да те домакедончиме!“ – испеа Гане Тодоровски за Македонија во својата песна „Фуснота без повод“, која е дел од стихозбирката „Горчливи голтки непремолк“ од 1970 година. Овој великан на македонскиот национален идентитет, на македонската книжевност е роден на денешен ден, на 11 мај 1929 година во велешкото село Кожле. Тој е еден од најзначајните македонски поети, академици и интелектуалци. Со своето богато творештво и силен родољубив дух Тодоровски втисна длабока, неизбришлива трага во македонската книжевност, култура и национална мисла.

Со својата песна „Македонски монолог“ Гане се извишува во врвовите на македонската поезија. Таа песна е, всушност, негов дијалог со македонското минато, сегашност и иднина во името на македонскиот народ. Покрај другото, во „Македонски монолог“ Тодоровски испеа: „одвеќе постоиме! И ако така уште постоиме, / не ќе постоиме! … / Толку се страхувам, некоја јанѕа ме јаде / да не би одново да Те раздадеме!“

Напишал 12 книги со поезија, кои оставиле длабока трага во летописот на современата македонска литература. Неговите први стихови датираат од времето на Втората светска војна и во нив се огледа тематскиот и стилски печат на една епоха, во која се прават првите чекори кон македонската самостојност и слобода. Натаму овој исклучително плоден поет учествуваше во сите творечки периоди, низ кои минуваше македонската поезија, давајќи богат придонес кон нејзиниот развој. 

Во текот на повеќе од шест децении творење, тој се истакна како поет, есеист, книжевен критичар, преведувач и универзитетски професор. Неговите дела беа инспирирани од Македонија, македонскиот народ и историското наследство, а посебно внимание посвети на македонските преродбеници и национални дејци. 


Тодоровски Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а долги години работел како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил член и претседател на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на Советот на Струшки вечери на поезијата и член на Македонската академија на наукие и уметности. Беше прв претседател на МААК и прв амбасадор на Република Македонија во Русија. Гане Тодоровски почина на 22 мај 2010 година. Човекот, кој со стиховите и делото ја славеше Македонија, според неговата последна желба беше погребан во родното Кожле покрај црквата „Свети Спас“.  

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top