Македонија

Алтанџиева: Бугарски тест за Македонците со северномакедонска навреда

Креаторите и потписниците на договорот од Преспа и бугарскиот договор ги удрија темелите на новиот општествен договор за новата држава Северна Македонија со план за создавање на новата нација – северномакедонска. Тоа е скриената агенда

Под наслов „Од „македонски“ кон „северномакедонски“ – ОПЕРАЦИЈАТА Е ВО ТЕК“, во објава на Фејсбук,поранешната заменик министерка за правда, анализира која е позадината на бугарското инсистирање на „терминот “северномакедонски“, нешто што пред два дена го направи и актуелнаа шефица на бугарската дипломатија Велислава Петрова-Чамова.
„Кога бугарски министри денес велат „северномакедонски премиер“ или „северномакедонски министер“, тоа не е дипломатски гаф.
Тоа е тест.
Полека се наметнува идејата дека државата е Северна Македонија, народот е „северномакедонски“,
а „македонското“ е нешто друго, туѓо или спорно.
Тоа е постепено создавање нов политички идентитет, меко наметнување за прифаќање и привикнување.
Прво се смени името на државата“ вели Алтанџиева и потсетува:
„Потоа почна да се менува јазикот на дипломатијата и ова последното со изјавата на бугарската министерка за надворешни работи не е првпат. Така почнува, најпрво како лапсус, политички гаф, се додека да се привикнеме.
Утре ќе кажат дека постои само „граѓанска северномакедонска нација“.
А вистинските Македонци? – прашува Алтанџиева и воедно одговара:
„Ќе бидат прогласени за „регионален идентитет“, „југословенски проект“ или „историска заблуда“. НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ СЕ ДОМАШНИТЕ ПРОМОТОРИ И МЕГАФОНИ
Поопасни од надворешниот притисок се повиците од внатре што постојано ја минимизираат опасноста.
Луѓе што велат:
„Нема врска, тоа е само Устав.“
„Никој не ни го чепка идентитетот.“
„Ова е патот кон Европа.“
„Не смееме да се расправаме со Бугарија.“
Според Алтанџиева, ваквите индолентни изјави се на линија со официјалните бугарски позиции, нивните декларации, истоветни со изјавите на нивните министри и барањата во протоколите, кои со секојдневните провокации не само што ги повредуваат чувствата на Македонскиот народ, туку активно дејствуваат да го снема.
„Тоа веќе не е наивност.
Тоа е активно учество во нормализирање на туѓата пропаганда.
Креаторите и потписниците на договорот од Преспа и бугарскиот договор ги удрија темелите на новиот општествен договор за новата држава Северна Македонија со план за создавање на новата нација – северномакедонска. Тоа е скриената агенда.
Имајте ја во предвид и дебатата за духот на Охридскиот рамковен договор и интенцијата за два службени јазици и уште многу пикантерии.
Ќе остане ли , ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ” да ја брани МАКЕДОНИЈА?!!! – прашува Алтанџиева.
„Тоа сме сите ние кои се противиме на непринципиелни условувања, негирање на она што сме, оспорување на македонскиот јазик дека е дијалект на бугарскиот, дека сме вештачка творба создадени 1944/45 и што ли уште не.
Па на вечерна школа на часови по историја да одеа, немаше секој ден толку ревносно да го бранат велико бугарскиот сон.
,, Северномакедонски” не е само гаф, не е ниту политичка порака, тоа е збор што открива цела агенда.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top