За време на дебата организирана од јавниот сервис по повод втората година од нејзиниот мандат, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговараше и на прашањето за албанскиот јазик како службен јазик поради уставното начело за 20 проценти.
Во дебатат на МТВ на која учествуваат уредници ид 5 национални телевизии Сиљановска-Давкова укажа дека уставниот принцип кој се базира на Охридскиот рамковен договор за 20 проценти од населението не важи само за албанскиот туку и за турскиот, српскиот, ромскиот и другите јазици на малцинствата.
Според претседателката овој принцип не важи само на национално ниво туку и на локално ниво поради што турскиот јазик е службен во општини каде Турците се 20 проценти (Центар Жупа), српскиот во Старо Нагоричане или Ромскиот во Шуто Оризари.
Видеото во живо на овој линк
https://play.mrt.com.mk/live/42