Македонија

Каракачанов „согласен“ со Муцунски – немало Северномакедонци, имало македонски Бугари!

Може и југозападни Бугари, ако им е поудобно, додава некогашниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија

Поранешниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, со свој коментар за „искричењето“ меѓу Скопје и Софија откако новата шефица на бугарската дипломатија Велислава Петрова-Чамова откри „северномакедонски“ партнери, а нејзиниот македонски колега Тимчо Муцунски ѝ реплицира дека Македонците се Македонци.

„Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски е многу незадоволен од изјавата на новата бугарска министерка за надворешни работи, која ги нарекла Северномакедонците – Северномакедонци. Таа, едноставно, кажала дека сакаме да развиваме добри односи со нашите северномакедонски партнери. И тоа многу го јадосало Тимчо Муцунски, големиот северномакедонски дипломат, па го повикал бугарскиот амбасадор за објаснување. Според него, немало Северномакедонци. Се согласувам – нема Северномакедонци, зошто ниту Даме Груев ниту Ванчо Михајлов зборуваат за Северномакедонци. Тие зборуваат за македонски Бугари. Јас се согласувам со овие две историски личности, Даме Груев и Ванчо Михајлов. За мене исто така нема Северномакедонци, има македонски Бугари или југозападни Бугари“, вели лидерот на ВМРО-БНД во снимена изјава на својот профил на Фејсбук.

„Но, со оглед на тоа што г-дин Муцунски и неговата партија ДПМНЕ, кои владеат во Скопје, откако се на власт водат една одвратна антибугарска кампања, ги гонат Бугарите, ги судат, ги затвораат бугарските организации, постојано ја плукаат Бугарија. На истиот тој голем дипломат Муцунски треба да му е познато едно просто правило во меѓународните односи – реципроцитет. Кога ти се однесуваш лошо со некого, не треба да очекуваш од него тој да биде љубезен со тебе. Така што г-дин Муцунски повторно да ја прочита историјата и да не се лути. Нема Северномакедонци, има или македонски Бугари, или југозападни Бугари, ако им е поудобно“, додава некогашниот (нај)близок сојузник на тогашниот бугарски премиер Бојко Борисов, кој со Зоран Заев во 2017 година го потпишаа Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

„Поздрав за нашата нова министерка за надворешни работи. Токму така – за лошо куче, лош стап!“, го заокружува Каракачанов својот „видео настап“.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top