Македонија

Во март над 70.000 туристи ја посетиле Македонија

Според статистиката, најголем број странски туристи во март дошле од Германија – вкупно 9.645 посетители. Зад нив следуваат туристите од Турција со 9.090 гости, потоа Франција со 4.945 и Србија со 3.955 туристи

 

Во март годинава во земјава биле регистрирани 73.921 туристи, кои оствариле вкупно 134.233 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

Од вкупниот број туристи, 19,7 проценти биле домашни, а 80,3 проценти странски гости. Кај ноќевањата, 26,5 проценти ги оствариле домашните туристи, додека 73,5 проценти странските.

Според статистиката, најголем број странски туристи во март дошле од Германија – вкупно 9.645 посетители. Зад нив следуваат туристите од Турција со 9.090 гости, потоа Франција со 4.945 и Србија со 3.955 туристи.

Во периодот јануари – март 2026 година, вкупниот број туристи е зголемен за 5,2 проценти во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи е забележан раст од 1,3 проценти, додека кај странските 6,9 проценти.

Истовремено, вкупниот број ноќевања бележи благ пад од 0,3 проценти. Кај домашните туристи има намалување од 1,2 проценти, додека кај странските е регистриран минимален раст од 0,2 проценти.

Податоците покажуваат дека туристичкиот сектор и натаму во голема мера зависи од странските посетители, но и дека престојот на туристите не расте со исто темпо како бројот на пристигнувања.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

To top