Македонија

Георгиевски верува дека „северномакедонски“ од Петрова-Чамова е логична грешка и ќе биде поправена

Крстоносната војна што ја водат некои бугарски аналитичари против името Македонец, македонски е еден од најголемите автоголови во бугарската идеолошка историја, смета експремиерот

Лидерот на ВМРО-Народна и поранешен премиер на Македонија, Љупчо Георгиевски, со свое видување за „логичната грешка“, како што го опиша „северничењето“ од бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова.

„Верувам дека изјавата ‘северномакедонски’ на новата министерка Чамова е логична грешка, која претходно ја имаме чуено од стотина меѓународни дипломати и аналитичари, и ќе биде поправена.

Но, вистинскиот проблем е во тоа што го читам на бугарските социјални мрежи и дел на медиуми кои жестоко ја бранат.
1. Тоа е, за жал, непотребен говор на омраза, кој е остаток од времето на ветото кога го имаше во голема количина.
2. Како што со ветото Бугарија го презема гневот од Германија и Франција, кои трипати го одложија приемот во ЕУ, така сега го презема гневот на Македонците од Грција чија специјалност е името.
3. Името Македонец, македонско секогаш било присутно во бугарската историска литература, дури било и синоним. Денешните бугарски патриоти успеаја да претстават пред меѓународната заедница дека тоа се два најнепријателски народа.
4. Крстоносната војна што ја водат некои бугарски аналитичари против името Македонец, македонски е еден од најголемите автоголови во бугарската идеолошка историја.
5. Додека српската политка го достига својот врв на србизација на Македонија по ветото, бугарската се радува на ситни победи во документи и извештаи.
6. Конечно, по сто и петнаесет години порази од Србите во Македонија, време е да почнете да учите од нив“, напиша Георгиевски на Фејсбук.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top