Свет

Фицо: Што му е гајле на Мерц дали сум бил во Москва или не?

Словачкиот премиер изненаден од критиките од германскиот канцелар за неговата неодамнешна посета на Русија

Словачкиот премиер Роберт Фицо реагира на забелешките од германскиот канцелар Фридрих Мерц за неговата неодамнешна посета на Русија, порачувајќи му дека не треба да се меша во политичките односи меѓу Братислава и Москва.

Фицо рече дека Мерц сакал да одржат работен состанок на 29 мај, но премиерот бил шокиран кога дознал дека една од темите на разговорот требало да биде неговото патување во Москва.

„Бев шокиран кога ми кажаа дека треба да разговара со мене за моето патување во Москва. Што му е гајле на германскиот канцелар дали сум бил во Москва или не?“, рече тој на средба со студенти.

Фицо додаде дека состанокот на крајот бил откажан без објаснување, додавајќи дека би реагирал „многу остро“ доколку Мерц се обидел да го прекори за неговата посета на Москва.

На препукувањето му претходеше настанот по повод Денот на победата во Москва на 9 мај, каде што рускиот претседател Владимир Путин се сретна со Фицо, кој беше меѓу лидерите што присуствуваа на настанот. Иако словачкиот премиер не присуствуваше на парадата, тој по состанокот забележа дека, и покрај критиките, европските политичари наскоро ќе му се обратат за да дознаат детали за неговите разговори со рускиот претседател.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top