Македонија

Вреди: Правосудниот и сите професионални испити ќе се полагаат на албански јазик

„На протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански јазик: Муса Џафери и Блерим Беџети. Токму тие што денес се обидуваат да ја разгорат оваа тема, ја користеа власта за лично богатење во периодот кога проблемот требаше да биде решен“, рече Дурмиши.

По скандалозните протести низ главниот град, од партијата Вреди соопштија дека барањето на студентите за полагање на правосудниот испит на албански јазик е прифатено и дека се работи на негово системско решавање. Ова вечерва на прес-конференција го соопшти Бесар Дурмиши, министер за економија и труд од редовите на Влен по протестот на студентите што попладнево се одржа во Скопје, со барање да се овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик.Во соопштението се наведува дека студентскиот протест е демократско право, но дека темата се користи за политички цели и манипулации.

  • „Вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик“, рече Дурмиши.

Посочи дека на денешниот протест се појавиле и партиски претставници, кои, имаат одговорност зошто ова прашање не било решено претходно.

  • „Денеска на протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански јазик: Муса Џафери и Блерим Беџети. Токму тие што денес се обидуваат да ја разгорат оваа тема, ја користеа власта за лично богатење во периодот кога проблемот требаше да биде решен“, кажа тој.

Тој директно им се обрати на студентите дека нивното барањето за правосудниот испит да биде достапен на албански јазик е прифатено и дека се работи на негово системско решавање преку проширување и на другите професионални испити. Во таа насока, како што рече, во Владата денеска се одржала средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседатели на Влен, на која било разговарано за ова прашање.

  • „Албанците не се наивни. Тие многу јасно гледаат дека зад оваа врева не стои грижата за студентите, туку борбата за изгубената власт. Затоа, вистинското прашање е: Зошто Али Ахмети се крие зад студентите? Зошто не им кажува на Албанците дека ова прашање не го реши кога целата власт беше во негови раце? Уште еднаш, Али Ахмети покажа дека ‘го фрла каменот, а ја крие раката‘. Го потпалува огнот од позади, додека ги турка другите напред, а потоа се обидува политички да профитира“, вели Дурмиши.

Според него, прашањето за правосудниот испит не треба да се претвори во судир меѓу институциите и студентите.

  • „Студентите се наши деца. Ги повикуваме да не подлегнуваат на политички манипулации и да имаат доверба дека ова прашање веќе е преземено од Влен и дека неговото решение е многу блиску“, додаде тој.

Организаторите на денешниот протест најавија дека ќе продолжат со активностите и притисокот врз институциите сѐ до исполнување на нивното барање.

Најнови вести од: Македонија

Грција за започна кампања за издавање државјанство на македонски граѓани со грчко потекло

Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина“, пишува во објавата на Амбасадата на Грција во Скопје. Грција започна јавна кампања насочена кон македонските граѓани кои имаат грчко потекло и би можеле да ги исполнуваат условите за добивање грчко државјанство. „Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата […]

По невремето во скопски Карпош покрај повредената жена (86) пронајдена и експлозивна направа!

МВР информира дека синоќа во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации.

Најнови вести

To top