Македонија

Наместо два, може пет часа преку ден да има евтина струја

Зошто да немаме евтина тарифа пет часа во текот на денот. Не ноќта, туку денски. Бидејќи таа тогаш е евтина на пазарот“,вели претседателот на РКЕ; Ацо Ристов

 

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, вели дека во Македонија во последните десет години има бум во инвестирање во енергетскиот систем, особено во ветерната енергија и обновливите извори.

Затоа, како што вели, постои идеја,  да се искористи зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаични централи и таа да се вклучи во системот, со цел потрошувачите да имаат поголем бенефит.

„Тоа се такви големи инвестиции, со што практично е дуплиран капацитетот на праизводство на енергија“ рече Ристов во  о интервју за Телевизија 24.

„Едно време беше филозофијата дека навечер треба да биде евтина тарифата и тогаш граѓаните да ја користат. Но, сега се сменети работите на пазарот и сега, ако ги погледнете берзите, најскапата енергија е навечер. Имаме хиперпродукција на фотоволтаична енергија, која производителите нема каде да ја пласираат.

Идејата е како да ја менаџираме таа енергија, да ја внесеме преку државниот систем, дали ЕСМ ќе ја откупува, но крајната цел е граѓаните да ја добијат таа евтина енергија. Наместо да биде 0 цената на берзата, да пробаме да изменаџираме, државата да го намали производството од јаглен преку ЕСМ, да ја откупи енергијата од производителите на фотоволтаици преку ден.

И зошто да немаме евтина тарифа пет часа во текот на денот. Не ноќта, туку денски. Бидејќи таа тогаш е евтина на пазарот“,вели Ристов.

За сето ова, како што додаде, потребно е да се направи стручна анализа со Министерството за енергетика, со Владата, со операторите, со дистрибиутерите, со производителите на таа евтина енергија.

Дополнително, Ристов вели дека ако цената во првата блок тарифа е 4,7 денари по киловат-час, тогаш може да се направи целата да биде 3,7 денари по киловат-час.

„Имаме енергија што ја произведува државата, ама не можеме да ја изменаџираме во нов систем. Идејата е како тие тарифи да ги намалиме, односно да ги прилагодиме на новиот енергетски период. Енергетиката бара динамична работа. Идејата на регуларот е како да дојдеме до користење на евтината електрична енергија која Македонија ја произведува како последица на наглото инвестирање во обновливи извори, како ветерот и сонцето“,кажа тој.

Една од опциите што се разгледуваат, според него, е проширување на евтината дневна тарифа од сегашните два на пет часа.

„Ноќната тарифа ќе остане, но можно е да има промена на временскиот период. Ако на пазарот енергијата е скапа од 19 до 22 часот, нека се помести ноќната од полноќ до сабајле.

Но, денски, наместо два, да има пет часа. Сепак, треба да ги видиме резултатите од анализите“, вели тој.

Според него, треба да се најде начин да се мотивираат граѓаните да ја трошат евтината енергија кога таа се произведува, а тоа е преку ден.

Ристов очекува анализите, да бидат направени до крајот на летото.

Ристов на почетокот на месецот најави дека треба да се направи детална анализа на системот со четири тарифни блока за електрична енергија.

Според него, нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ.

Најнови вести од: Македонија

Ковачевски шефот Филипче за изградба на дата-центри во Македонија

Реакцијата на Ковачевски следува откако сите девет советници во Пехчево вчера едногласно гласаа против иницијативата на приватен инвеститор за почнување постапка за урбанистичка документација за дата-центар, а петседателот на СДСМ Венко Филипче повика да се сопре изградбата.

Симов: Да бидеш против дата центар е исто како да си против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години

Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов во објава на Фејсбук вели да се биде против дата центар денеска е исто како да се биде против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години.

Во Грција годинава изречени 741 казна од 1,2 милиони евра за предизвикување пожари и биле уапсени 314 лица

Од 1 јануари годинава до денес според податоците од противпожарната служба на Грција, 89 отсто од случаите се однесуваат на пожари предизвикани од невнимание, за што биле уапсени 279 лица, а 35 лица (11 проценти) биле уапсени за намерно предизвикани пожари.

До 12.000 деца на возраст од 12 до 17 години во Македонија годишно изложени на сексуална злоупотреба преку интернет!

До 12.000 деца на возраст од 12 до 17 години во Македонија во период од една година може да биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, покажуваат алармантните резултати од истражувањето „Прекинување на штетата“ („Disrupting Harm“).

Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија

Проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување, отворајќи нови можности за пристап до пристаништата Драч и Бар и дополнително зацврстувајќи ја позицијата на Македонија како транспортна раскрсница на Балканот.

To top