Македонија

Државно-црковната делегација предводена од Африм Гаши ќе му оддаде почит на св. Кирил

Македонската делегација ќе ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“ каде што претседателот Гна Собранието ќе положи венец на спомен-плочата напишана на македонски јазик

Државно-црковна делегација на Република  Македонија, предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши, во Рим ќе му оддаде почит на св. Кирил, во рамки на традиционалната манифестација посветена на сесловенските просветители. 

Поклонението во чест на св. Кирил ќе биде утре во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што свештенослужители на Македонската православна црква, предводени од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ќе одржат молебен на гробот на светителот и творец на словенската писменост, објавои МИА.

Македонската делегација ќе ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“ каде што претседателот Гаши ќе положи венец на спомен-плочата напишана на македонски јазик.

Таа е поставена во 2015 година како благодарност од македонскиот народ за гестот на папата Адријан Втори, кој во 868 година, во оваа базилика ги осветил словенските книги што во Рим ги донеле браќата Константин (Кирил) и Методиј.

Во базиликата „Санта Марија Маџоре“ делегацијата ќе го посети и гробот на папата Франциск, кој почина минатата година.

Најнови вести од: Македонија

Потребни се рабони места кои ќе нудат баланс меѓу приватниот и професионален живот

Додека компаниите се соочуваат со недостиг на кадар, жените одбиваат да прифатат работа, затоа што не можат да ги усогласат работните со приватните обврски. Неопходно е креирање работни места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот. Такви се воведување флексибилно работно време, дополителни паузи за носење дета на лекар, бесплатни градинки или курсеви за децата, дополнителни финансиски бенефиции.

Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на реформите – владина делегација во Црна Гора

Учеството на Македонија на овој висок политички форум е можност за размена на искуства и добри практики со земјите од регионот, за зајакнување на регионалната координација во младинските политики и за отворање простор за нови иницијативи и механизми што ќе придонесат кон поголемо учество и поврзаност на младите.

Американскиот Балкански трговски центар потпиша договор за стратешко партнерство со Стопанската комора на Илиноис

Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски и создавање нови можности меѓу Соединетите Американски Држави и Балканскиот регион.

Без сопствени ВИ модели и дата-центри Македонија ризикува да стане дигитална колонија, вели Трајанов

Ни требаат национални дата-центри за чување на податоците тука. Иако постојат одредени ризици, бенефитот од тоа податоците да бидат под наш суверенитет е драстично поголем

Манасиевски: Љупчо Николовски избега од соочување, очекувам одговори на поставените прашања

По денешното граѓанско судско рочиште, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, го повика поранешниот вицепремиер и министер за земјоделство Љупчо Николовски да одговори на наводите поради кои, како што вели, е тужен

Најнови вести

To top