Македонија

Свечена академија по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ (ВИДЕО)

Свечената академија е дел од официјалната државна прослава на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј, ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ која ќе се одржи во црковниот храм „Св. Софија“ во Охрид.

Претходно, премиерот Мицкоски положи цвеќе пред споменикот на солунските просветители Кирил и Методиј на охридскиот кеј.

Свечената академија е дел од официјалната државна прослава на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top