Хроника

Под контрола пожарот во фабриката „Декортекс“ во Радовиш (ВИДЕО)

Огнот зафатил магацински простор во поранешната текстилна фабрика, каде имало производствен погон, машини и големо количество запалив материјал

Голем пожар избувна вечерва во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“. Според информациите оттаму горат погони и машини, а пожарот избувнал доцна попладне.

Според првичните информации, пламенот брзо се проширил низ објектот, а над градот се издига густ чад кој е видлив од повеќе локации.

Нема официјални податоци за причините за пожарот, ниту информации дали има повредени лица или колкава е материјалната штета.

Од надлежните институции и противпожарните служби се очекуваат дополнителни информаци.

Огнот зафатил магацински простор во поранешната текстилна фабрика, каде имало производствен погон, машини и големо количество запалив материјал.

Граѓаните се вознемирени бидејќи само пред неколку дена се запали и градската депонија…

„За неполни три минути од пријавата за пожар нашата екипа излезе на терен. Веднаш беа мобилизирани сите пожарникари“, соопштија од противпожарната единица во Радовиш..

„Пожарот кој ја зафати фабриката Декортекс во Радовиш пред околу еден час неофицијално дознаваме дека е ставен под контрола, но се уште се на терен сите противпожарни возила.

Пожарот кој ја зафати фабриката Декортекс во Радовиш пред околу еден час неофицијално дознаваме дека е ставен под контрола, но се уште се на терен сите противпожарни возила“ објави синоќа Телевизија Кобра на социјалните мрежи.

Потврда дека пожарот е ставен под контрола дојде и од Центарот за управување со кризи.

Според последните информации, неколку пожарникари вдишале поголема количина чад и се здобиле со полесни изгореници, но засега нема информации за потешко повредени лица.

Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Хроника

Бегалецот од прилепскиот затвор Ѓ.З. (35) од Битола фатен по извршена кражба во маркет заедно со А.Ј. (29)

Полициски службеници од СВР Битола привеле две лица осомничени за тешка кражба во маркет, при што било откриено дека едниот од нив бил баран со потерница, поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

Пронајдени повеќе од два килограма марихуана во домот на Б.Н.(25) од скопско Арачиново – уапсен е

Вчера, на 24.07.2026 година полицајци од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по наредба на Основниот кривичен суд Скопје извршиле претрес во домот и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско.

М.Д.(32) од Кавадарци измамил кумановка (50) за 9 илјади евра, ветувајќи ѝ „посредување за странски пасош

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово вчера на Градски плоштад во Кавадарци го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра.

To top