Регион

Вучиќ: Не сум некој што сака да седи во својата фотелја до крајот на животот

Не го прецизираше точниот датум кога ќе ја официјализира одлуката, но ја искористи приликата да испрати остра порака до своите политички опоненти во државата

Александар Вучиќ, денеска уште еднаш ја потврди својата намера да се повлече од претседателската функција, најавувајќи дека по овој потег земјата ќе се соочи со изборен процес.

Осврнувајќи се на претходната најава дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на државата, тој објасни дека кога ќе го стори тоа, „условите се познати – мора да се одржат избори во рок од 90 дена“.

Вучиќ додаде дека во таков случај, функцијата и овластувањата на претседателот ги презема претседателот на Народното собрание.

„Па, јас не сум некој што сака да седи во својата фотелја до крајот на животот, како некои други“, рече Вучиќ, пренесе Н1.

Како што додаде, тој не го скратува својот мандат, „како што ве принудија да објавите, кога мораше да се лажете себеси и да нè измамите сите нас, како (Борис) Тадиќ го скрати својот мандат.

„И тој не го скрати својот мандат, тој поднесе оставка.

Јас, чесен човек, ќе поднесам оставка, бидејќи така вели Уставот, јас не скратувам никаков мандат.

Значи, кога ќе поднесам оставка, тогаш ќе видиме дали ќе одиме на парламентарни (избори), или за 90 дена на претседателски (избори). И тоа е тоа, нема голема филозофија“, рече српскиот претседател.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

To top