Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во село Зајас, кичевско, тешко е повреден 15-годишен малолетник кој управувал електричен тротинет.
Несреќата се случила околу 12:25 часот на локалниот пат кон „Нова населба“. Според пријавата во ОВР Кичево, електричниот тротинет управуван од 15-годишникот од Зајас се судрил со патничко возило „Рено“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал 32-годишниот Ф.Џ. од село Горно Строгомиште.
Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде му е укажана медицинска помош.
На местото на несреќата бил извршен увид од полициска екипа од ОВР Кичево, а за случајот е известен јавен обвинител.