Македонија

(Видео): Што најмногу запленува царината – пари, акцизна стока, дрога, филери, ботокси?!

За заплената на половина милион евра, директорот истакна дека ова е најголема историска заплена на кеш пари од формирање на Царинската управа која се должи исклучиво на професионалноста на мобилниот царински тим.

Запленивме половина милион евра кеш, 25 илјади парчиња лекови и медицински инструменти, во тек е истрага за заплена на 80 килограми марихуана по информација на царинското разузнавање, а веќе неколку месеци во тек е и опсежна истрага за акцизна стока која досега било незамисливо некој воопшто да работи на ова. Стекнатата доверба на меѓународно ниво е клучна за добивање и размена на информации во нулта време. Една институција може многу да направи, но ако сите институции се добро поврзани криминалот нема каде да бега. Со многу повеќе елан и желба ја чуваме Македонија и се бориме против криминалот. Ова беа клучните пораки на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во гостувањето на Топ тема на Телма телевизија. Николовски во интервјуто додаде дека веќе се пристигнати и 30 боди камери преку Амбасадата на САД во Скопје и наскоро ќе бидат ставени во функција, по завршување на обуките за царинските службеници што ќе ја користат опремата.

  • Во 2025 година Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе 213 кривични пријави, за 5 пати повеќе споредбено со годишниот просек од 2017 до 2024 година. Со иста енергија продолжуваме и годинава, при што до овој момент поднесена е 71 кривична пријава до јавните обвинителства. Ова е фрапантен податок кој кажува дека царинските службеници работата ја вршат онака како што треба, рече директорот и потенцира дека обвинителството мора да ја прати брзината на завршувањето на постапките како клучна за мотивација на царинските службеници кои работат некогаш и до година ипол на еден случај.

За заплената на половина милион евра, директорот истакна дека ова е најголема историска заплена на кеш пари од формирање на Царинската управа која се должи исклучиво на професионалноста на мобилниот царински тим.

  • Половина милион евра досега не биле фатени или како што разговарав со некои луѓе кои се разбираат од овие работи, велат директоре немојте да бидете сигурни дека порано не биле фатени, можеби само продолжиле. Тоа е разликата меѓу некои времиња и овие времиња, потенцира тој.

Обелодени и за нова истрага поврзана со заплена на 80 килограми марихуана која, како што рече, е чист погодок на царинското разузнавање. „Некогаш истрагата ве води до ќорсокак, но оваа истрага, секоја им чест на колегите добро ја бушат“.

Во кривичните пријави како што рече нема прочка за никој.

  • До пред некое време се поднесувале кривични пријави, малку на број но имало, но не биле опфатени сите учесници кои учествувале во кривичниот процес. Сега нема прочка за никој дури ни за тие од редовите од Царинската управа, веќе нема ваши и наши од било каков аспект, национален, партиски. Има само закон! Сите се исти, сите треба да работат и за сите има и постои закон и тој закон треба да се почитува и затоа резултатите одат во континуитет, што е сатисфакција да работиме проактивно на вакви случаи. Резултатите се подобри од ден на ден, вели Николовски.

Најнови вести од: Македонија

Западнонилската треска однесе живот и на 70-годишен пациент на Инфективната клиника во Скопје

Уште еден пациент со западнонилска треска во текот на викендот почина на Клиниката за инфективни болести. Се работи за 70-годишен пациент од Аеродром, кој имал повеќе заболувања. На Клиниката се хоспитализирани седум пациенти, од кои двајца се со потешка клиничка слика, изјави денеска директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.

Акција на МВР и АНБ: Во Скопје приведени повеќе лица, поради сомнение за тероризам

На повеќе локации во Скопје во тек е полициско-безбедносна акција во која се приведени повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Политико“: „Патокази“ од ЕУ и забрзување на влезот на Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора, не и на Македонија!

Нов преседан на Брисел. Европската Унија првпат планира да одреди целни датуми за завршување на клучните фази од преговорите за пристапување со Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, изјавија функционери од Брисел за европскиот аналитички магазин „Политико“. За Македонија нема ниту патокази, ниту сигнали за придвижување на нејзиниот евроинтеграциски процес, ниту ништо!

Сиљановска-Давкова на Салцбург самит: По 21 година кандидати и 17 позитивни извештаи на потег е ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“

ДУИ: Долгот на Општина Тетово изнесува 31 милион евра

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, го започна својот прв мандат кон крајот на 2021 година; во тоа време, тој изјави дека вкупниот долг на општината – вклучувајќи го и долгот на јавните претпријатија и училиштата – изнесувал приближно 24 милиони евра

To top