Македонија

Значаен напредок: Регионални центри за третман на мултипла склероза

Во моментов во земјава живеат околу 2.500 лица со дијагностицирана мултипла склероза, а во 2025 година регистрирани се 115 нови случаи.

Пациентите со мултипла склероза (МС) во Македонија ќе можат да ја примаат терапијата во три регионални центри, наместо исклучиво во Скопје. Ова е дел од пилот-програмата што денеска ја најавија Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Националното здружение за борба против мултипла склероза.

Директорот на ФЗО, д-р Сашо Клековски, истакна дека пилот-програмата ќе се спроведува во три јавни здравствени установи:

  • ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ во Скопје
  • ЈЗУ Клиничка болница во Штип (за источниот и североисточниот регион)
  • ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид (за југозападниот регион)

Целта е да се намалат долгите и исцрпувачки патувања на пациентите и да им се обезбеди терапија поблиску до местото на живеење. Од ФЗО потврдија дека ветувањето дадено минатата година е исполнето, а буџетот за лекови за МС во 2026 година е зголемен на 451 милион денари, што ќе овозможи третман за над 1.020 пациенти.

Во моментов во земјава живеат околу 2.500 лица со дијагностицирана мултипла склероза, а во 2025 година регистрирани се 115 нови случаи.

Претседателката на Националното здружение за МС, Ана Карајанова Димитрушева, го поздрави овој чекор како голем напредок и апелираше за поголема општествена солидарност.

Дополнително, здружението промовираше едукативна брошура за планирање на семејство кај жените со МС, по повод алармантните резултати од истражување кое покажа дека многу пациентки се плашат од бременост поради недостиг на информации, а не поради медицинска невозможност.

За симболична поддршка, Археолошкиот музеј на Македонија од вечерва до крајот на неделата ќе биде осветлен во портокалова боја – меѓународниот симбол за мултипла склероза.

Најнови вести од: Македонија

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top