Бугарскиот премиер Румен Радев пред денешната средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз најде време да ги истакне неговите заслуги што во Преговарачката рамка за Македонија за членство во Европската Унија како услов бил поставен впишувањето Бугари во македонскиот Устав.
„Ми требаше една година за да ги убедам европските лидери зошто треба да се случи тоа. Заслуга на претседателот Макрон е што тој беше првиот што ја процени соодветноста на оваа идеја и со заеднички напори таа беше впишана во Преговарачката рамка во текот на јули 2022 година. Верувам дека на денешната средба ќе ја обезбедиме поддршката од Франција за овој консензус да биде исполнет во целост“, изјави Радев.