Македонија

Антонио Кошта на 2 јуни во Скопје

Предвидена е средба на претседателот на Европскиот совет со македонскиот премиер Хрстијан Мицкоски

 

 

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе допатува во посета на земјите од Западен Балкан следната недела (1-5 јуни) за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседател на Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни.

Претседателот на ЕС, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

„Мојата втора турнеја на Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална; исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачаат резултати“, изјави Кошта.

Тој ќе ги посети шесте партнери од Западен Балкан, почнувајќи од Сараево во понеделник, 1 јуни.
Во вторник 2 јуни, претседателот Кошта ќе биде во Тирана, а потоа ќе го посети Скопје кога е предвидена средба со македонскиот премиер Хрстијан Мицкоски.

Во среда, 3 јуни, тој ќе оди во Приштина, додека во четврток, 4 јуни, претседателот Кошта ќе го посети Белград.
Турнејата ќе заврши во Црна Гора.

Најнови вести од: Македонија

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top