Македонија

Два часа чекаа автомобилите, над пет автобусите за влез во Грција утрово

Новиот систем за минување на границите на ЕУ предизвика нови непријатности на и онака фреквентниот грчки премин

Километарски колони, повеќечасовно чекање и нервозни возачи и патници беше сликата на граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница за влез во Грција и утрово поради новиот систем со фотографирање и земање отисоци од прсти.

Според грчките медиуми, автомобилите претпладнево чекале два часа, а автобусите повеќе од пет за да влезат од Македонија во членката на Европската Унија.

„Сликата јасно ја прикажува состојбата. Бесконечни колони возила, возачи кои излегуваат од автомобилите, барајќи сенка и свежина, семејства со мали деца кои трпеливо чекаат под жешкото сонце и десетици автобуси, што со часови стојат неподвижни. И покрај интензивните непријатности, климата засега останува мирна и не се забележани посериозни тензии. Сепак, огорченоста е видлива. Многу патници го изразуваат своето разочарување од сликата што ја затекнуваат на влезот во земјата, а некои дури карактеристично велат дека ‘нема повторно да дојдат во Грција’, сметајќи дека е неприфатливо нивниот одмор да започне со повеќечасовно чекање на граница“, пишува солунскиот информативен портал „Тес“.

Заради надминување на метежот, Радио Солун јави дека била дадена наредба да се спроведе стариот систем за проверка за патниците од туристичките автобуси.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Новите мерки против пушењето ќе важат за сите, без исклучоци и повластени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот предлог-закон за пушење е подготвен по широк консултативен процес со сите засегнати страни и најави дека неговата примена ќе биде строго контролирана на целата територија на државата, без исклучоци и без повластени.

Нови финансиски детали: Колку заработува поранешниот премиер во егзил

Осудениот поранешен премиер Никола Груевски, кој веќе осум години живее во Унгарија, продолжува да остварува приходи преку својата приватна консултантска компанија, покажуваат официјалните финансиски податоци објавени од унгарскиот портал „444“.

To top