Македонија

Арсовски: Враќањето на Груевски е речиси невозможно

Два фактори ја прават веројатноста поранешниот премиер да се врати во Македонија да е еднаква на нула“, вели аналитичарот

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за Телевизија 24 вели дека можноста поранешниот премиер Никола Груевски да биде екстрадиран, односно да се врати во Македонија е минимална, речиси и непостоечка.

Според него, стекнатото државјанство не може да се одземе лесно бидејќи за тоа постојат услови кои треба да се исполнат.

„Можноста Груевски да се врати во Македонија е минимална, практично непостоечка од повеќе причини меѓу кои една е и постоењето на унгарско државјанство. Политички азил по својата природа е привремена правна состојба која кога во матичната земја ќе се сменат околностите може да се укине но државјанство по Европска конвенција на човекови права не може да се земе треба да постојат многу јасни причини за тоа, повреда на многу голем број на закони така да Груевски да биде екстрадиран во Македонија веројатноста е минимална“„оценува Арсовски.

„На тоа ја додавам изјавата и на премиерот Мицкоски дека доколку Груевски се врати во Македонија ќе мора да оди во затвор дури и за повторување на судењата така што тие два фактори според мене прават веројатноста Груевски да се врати во Македонија да е еднаква на нула“, вели аналитичарот Арсовски за ТВ24

Груевски е унгарски државјанин, неговата екстрадиција е речиси невозможна

Од Министерството за правда по информацијата за тоа дека Груевски има унгарско државјанство, велат дека поранешниот премиер останува македонски државјанин и се товари со правосилни судски одлуки и активни постапки. Објаснуваат дека се преземаат сите билатерални, правни и дипломатски чекори за негова екстрадиција.

Поранешниот премиер Никола Груевски е повторно во фокус поради изјавата на новоизбраниот премиер на Унгарија Петар Маѓар во која рече дека Унгарија нема да биде засолшните на меѓународни криминалци меѓу кои го спомена и Никола Груевски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top