Македонија

Се врши претрес кај Стефан Богоев поради истрага за сомнежи околу тендерски злоупотреби

Надлежните институции засега не откриваат повеќе детали за предметот, а во текот на денот се очекуваат официјални информации од Финансиската полиција и Обвинителството за конкретните сомнежи и за опфатот на истрагата.

Неофицијално, според новинарски информации, во тек е полициска акција поврзана со сомнежи за тендерски постапки, при што неколку лица се веќе приведени, додека за други се преземаат истражни дејствија. Меѓу нив е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кај кого во моментов се вршат претрес во неговиот дом. Според првичните информации, акцијата се однесува на сомнежи за местење тендер.

Истражните органи продолжуваат со постапката, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

  • „Под координација на ОЈО ГОКК, Управа за финансиска полиција спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа. Акцијата уште трае“, соопштија од финансиска полиција.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top