Македонија

Документ: Бугарија никогаш немала план да ја признае македонската нација

Официјално Скопје долго мислеше дека првиот бугарски претседател бил чесен човек со добри намери кон Македонија а тој играл нечиста игра

Новинарот и известувач за Југоисточна Европа на германскиот весник Франфуртер Алгемајне Цајтунг Михаел Мартенс објавува документ од пред 35 години од кој јасно се гледа бугарската антимакедонска позиција за непризнавање на македонската нација.

Во документот австрискиот амбасадор во Бугарија известува до своето министерство во Виена за разговорите што ги имал со бугарски извори во врска со распаѓањето на соседна Југославија и ставот на Бугарија за претстојниот референдум за независност во Македонија.

Според амбасадорот, пишува Мартенс, бугарскиот претседател Жељу Желев им рекол на новинарите дека Софија може да ја признае Македонија како држава, но дека тоа „нема да биде признавање на македонскиот народ, што е изум на Коминтерната“.
Мартенс врз основа на документот забележува дека се работи за континуитет во бугарската надворешна политика.

Во документот пишува дека Бугарија поддржува признавање на Хрватска и Словенија, но чека референдум за Македонија.

Австриската амбасада во Софија тогаш информирала дека Бугарија ја поддржува идејата за меѓународно признавање на независноста на Хрватска и Словенија, но за Македонија засега останува претпазлива и чека исходот од референдумот закажан за 8 септември.

Во доверливиовиот извештај до Министерството за надворешни работи во Виена кој сега е декласифициран, амбасадорот Кипах пренесува дека бугарскиот заменик-министер за надворешни работи изразил поддршка за австриското барање во врска со признавањето на двете југословенски републики.

Според документот, Бугарија тогаш не планирала промена на ставот за Македонија пред референдумот. Бугарскиот претседател, во изјава за медиумите, повторил дека Бугарија „нема намера да извлекува корист од случувањата во соседна Југославија“. Тој исто така истакнал дека Бугарија не била првата држава која ги признала Словенија и Хрватска.

Ставот за македонското прашање

Претседателот на Бугарија Жељев тогаш јасно го артикулирал ставот на државата: Бугарија го признава правото на самоопределување, вклучително и правото на создавање независни држави. Во случај референдумот во Македонија да донесе одлука за независност, Бугарија би можела да ја признае новата држава. Сепак, тоа признавање би се однесувало исклучиво на државната независност, а не и на „македонска нација“, која бугарската страна ја смета за „изум на Коминтерната“.

Оваа позиција била во време на остри обвинувања од Белград кон Софија во врска со македонското прашање. Бугарското Министерство за надворешни работи претходно објавило соопштение за ескалацијата на кризата во Југославија.

Документот, означен како продолжение на претходен извештај од 28 август, ја отсликува сложената дипломатска ситуација во регионот на почетокот на распадот на Југославија, кога европските држави постепено ги преиспитуваа своите позиции за признавање на новите држави.

Најнови вести од: Македонија

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

Најнови вести

To top