Регион

Се урна авион во Хрватска, неофицијално има неколку загинати

Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Трагична авионска несреќа се случи денеска во близина на Медулин во Хрватска, откако мал авион се урнал на подрачјето Кампанож, недалеку од спортскиот аеродром.

Според информациите на хрватските медиуми, дојавата за несреќата била примена во 11:18 часот, по што на местото веднаш биле испратени полициски екипи, итната медицинска помош и пожарникарите.

Од Полициската управа Пула потврдија дека авионот паднал во близина на аеродромот во Медулин и дека сите надлежни служби преземаат активности на терен.

Според неофицијални информации објавени од хрватските медиуми, во несреќата загинале повеќе лица, а се наведува дека станува збор за странски државјани. Дел од медиумите објавија дека неофицијално се работи за четворица загинати, додека потрагата по уште две лица продолжува.

Првичните информации укажуваат дека авионот полетал од Германија, а летот наводно не бил претходно најавен во Хрватска.

Според сведоштва од местото на несреќата, леталото при ударот во земјата се преполовило. Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top