Македонија

Премиерот најави за 5% до 10% пониски сметки за струја за граѓаните

Владата подготвува потрошувачко портфолио кое треба да биде усогласено со „ЕВН Хоум“ и државната компанија ЕСМ, со цел да се обезбеди пониска цена на електричната енергија за граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заеднички состанок со компаниите ќе се одржи оваа или следната недела. Премиерот информира и дека се ​консолидирани акумулациите, кои во април, односно јуни пред две години беа на 7%, сега се на 80% исполнетост.

Владата прави потрошувачко портфолио, кое што треба го усогласи со дистрибутерот ЕВН Хоум и со државниот производител ЕСМ со што би се обезбедила просечна цена на струјата за 5 до 10% поевтина од сегашната, најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања за проектите за искористување на обновливи извори на енергија и како можат да влијаат врз цената на електричната енергија. Оваа или следната недела ЕВН Хоум и ЕСМ ќе имаат заеднички работен состанок.

  • Така што ние сега практично ги подготвуваме сите индикатори за да можат тие на крајот од годината да го распишат огласот и веќе за следната година да обезбедиме, можеби еден од ретките случаи ќе биде во Европа, ако не и единствен, каде што граѓаните би добиле до 5%, а можеби и повеќе, пониска цена на електричната енергија. Тоа ќе биде нешто што досега не се случило – да ги искористиме поволностите на обновливите извори на енергија, тоа е Сонцето, и во тој микс во текот на целата година да обезбедиме просечна цена на електричната енергија којашто, еве, јас сум умерен оптимист, би била 5 до 10% поевтина од сегашната. Но, ајде да видиме како сето тоа ќе го операционализираме – рече Мицкоски.

Премиерот подвлече дека цел на Владата е на крајот од оваа година по прв пат нашата земја да биде нето извозник на струја и  мисли дека тоа ќе се постигне.

  • Добро е што и државната ЕСМ се консолидира и во првиот квартал, или да бидам попрецизен, очекувам во првата половина од годината за првпат да имаме позитивни резултати, од оние 150 милиони евра загуба што ги наследивме, да имаме, мојата прогноза е меѓу 6-7 милиони евра добивка. Ќе видиме – изјави Мицкоски.

Тој посочи дека се ​консолидирани акумулациите, кои во април, односно јуни месец 2024 година беа на некои 7 отсто, а денеска акумулациите се на 80% исполнетост.

  • Сезоната за наводнување е започната овде во хидросистемот „Брегалница“, почнувајќи од Калиманци па сѐ до Лозово. Веќе два месеца трае, апсолутно нема никакви рестрикции, нема ограничувања. Сите корисници добиваат навремено вода. Тоа значи ќе имаме добар род, ќе имаме добра година. Приоритет по приоритет ги решаваме работите. За жал, две години се бориме со напластени проблеми во минатото, но тоа е што е – рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

To top