Свет

ЕУ на пат да се распадне како Римското Царство, смета чешкиот премиер

Економската, воената и еколошката политика ги зголемуваат трошоците и ја ослабуваат Унијата како некогаш Рим, вели Бабиш

Европската Унија во моменов е на истиот пат како и Римското Царство пред нејзиниот крај, смета чешкиот премиер Андреј Бабиш.

За неизбежниот пад на ЕУ, според него, тој ги обвинува нејзините економски и воени политики, како и еколошките регулативи кои ги зголемуваат трошоците за енергија, а воедно ја ослабуваат конкурентноста во економијата, особено во индустријата. Овие трендови се преклопуваат токму сега, бидејќи земјите од европското семејство се соочуваат со растечки трошоци за одбрана и сè потешки последици од војната во Украина.

Бабиш ја базира оваа споредба на фактот дека економските и безбедносните притисоци и потпирањето на надворешна воена заштита се речиси истите проблеми со кои се соочило Римското Царство пред да исчезне засекогаш во историјата. А тоа дамнешно време, вели Бабиш, било обележано со политичка нестабилност, економски тешкотии и воено преоптоварување. Рим станувал сè повеќе зависен од странски воени трупи и едвај успевал да финансира дури и дел од својата одбрана, бидејќи трговијата и економијата опаѓале, а надворешните притисоци растеле.

Познат по својата поддршка за националниот суверенитет, Бабиш изјави за „Фајненшл тајмс“ дека напорите на ЕУ во многу области, вклучително и постепеното укинување на фосилните горива, стануваат сè поконтроверзни. Критичарите во Германија, Италија, Полска, Унгарија и Словачка се согласуваат со чешкиот премиер дека климатските цели, цените на јаглеродот и еколошките регулативи воопшто не им помагаат на европските земји. Бабиш го обвини Брисел дека ги насочува економиите кон брзоплета и, како што вели тој, „агресивна агенда за декарбонизација“.

„Чешка веројатно ќе ја пропушти целта на НАТО за зголемување на воените расходи на 3,5 отсто од БДП оваа година. Ќе направиме сè за да го исполниме ветеното, но мака мачиме со буџетскиот дефицит поради преголемото трошење, а за воени потреби во моментов можеме да издвоиме само два отсто. Сојузниците треба повеќе да се фокусираат на подобрување на капацитетот отколку на процентите за распределба, со кои лесно може да се манипулира“, објасни тој.

Додека Андреј Бабиш ја критикува одбранбената зависност на Европа од странски трупи, САД планираат да распоредат дополнително нуклеарно оружје во некои други европски членки на НАТО, објавува „Фајненшл тајмс“. Избраните земји ќе станат домаќини на авиони со двојна способност (DCA) кои можат да носат нуклеарно оружје. Програмата на НАТО за споделување нуклеарно оружје моментално ги вклучува Белгија, Германија, Италија, Холандија, Турција и Обединетото Кралство, чии сили се овластени да примаат DCA и претходно распоредени нуклеарни бомби. Оружјето е под контрола на САД и тие го задржуваат правото да одлучуваат за нивната употреба.

Најнови вести од: Свет

Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но ако Иран наплаќа такса

Техеран тврди дека трајниот мировен договор треба да му дозволи да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ теснецот, кои би варирале во зависност од видот на бродот, неговиот товар и преовладувачките услови

Паѓа рејтингот на Мерц, расте популарноста на АФД

Популарноста на германскиот канцелар драстично опадна во неговата прва година на функцијата, при што рекордни 77% од испитаниците во анкетата на INSA рекле дека се незадоволни од неговата работа, што е зголемување од 6 поени во однос на април.

To top