Хроника

Запленети 312 пури во вредност од 4.000 евра на Табановце

Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и здравјето на граѓаните.

Мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи запленил поголема количина пури во вредност од 4.000 евра при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Табановце.

Против возачот на автобусот, македонскиот државјанин К.Б., е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово за кривично дело криумчарење.

Според соопштението на Царинската управа, при детална контрола на автобусот, под седиштата и во фабричка шуплина биле пронајдени вкупно 312 парчиња пури од различни производители.

Проценката за избегнати давачки изнесува 174.900 денари. Акцизните производи се запленети и по наредба на Обвинителството ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и здравјето на граѓаните.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top