Македонија

Партијата на Села ја обвини Владата што нема коментари на албански од СП во фудбал!

Според Албанска лига, Албанците во Македонија биле дискриминирани што на Арена спорт има коментари само на македонски

Новата партија на пратеникот Зијадин Села, Албанска лига, ја обвини Владата за дискриминација на Албанците во Македонија поради немањето коментари на албански јазик во директните телевизиски преноси од натпреварите на Светското првенство во фудбал.

„Не беше обезбеден ниту коментар на албански јазик ниту еднаков јазичен пристап, создавајќи јасна културна и јазична дискриминација во настан од јавен интерес“, обвини Албанска лига.

„Ова не е технички проблем, туку и акција во продолжение за сузбивање на јазичните права од страна на Владата, која и со овој настан, кој ги обединува јазикот и културата, преку српскиот свет, од кој е дел, го дискриминира албанскиот јазик“, реагира партијата на Села за тоа што правата за мундијалот во Македонија првпат ги има српската кабелска телевизија „Арена спорт“, а не Македонската радиотелевизија, кадешто преносите од СП во минатото се коментираа и на албански.

Албанска лига бара институционална одговорност и преиспитување на начинот на кој се гарантираат еднаквите права на граѓаните во пристапот до содржини од јавен интерес.

 

Најнови вести од: Македонија

„Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк – бесплатен концерт под отворено небо

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун

To top