Македонија

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства.

Министерството за култура тврди дека чека на Општина Кочани да ја спроведе постапката за подигање на спомен-обележје за 63 жртви од „Пулс“, за да обезбеди дел од средствата за изградба. Ова доаѓа откако Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во „Претрес со Ландов“ посочи дека средствата за споменикот биле пренаменети, информација која им ја кажале на состанок во Министерството.

  • „Со почит се однесуваме кон секое поставено прашање и кон секоја потреба оваа трагедија достоинствено да биде обележана“, наведуваат од Министерството.

Оттаму појаснуваат дека на неодамнешна средба во кабинетот на министерот, на која присуствувале претставници на Општина Кочани и дел од семејствата на настраданите, била објаснета законската процедура за подигање спомен-обележје. Според Министерството, согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, надлежноста за започнување и водење на постапката е кај општината.

  • „Министерството не ја иницира постапката, не распишува конкурс, не избира идејно решение и не носи одлука за изгледот и поставувањето на обележјето“, велат од институцијата.

Според нив, Советот на општината треба да донесе програма за одбележување на настанот, одлука за подигање на спомен-обележјето и да формира Одбор кој ќе ја води понатамошната постапка. Токму тој Одбор има обврска да распише јавен и анонимен конкурс за избор на идејно решение, да ги разгледа понудените проекти и да го избере решението што ќе биде реализирано. Од Министерството додаваат дека дури по завршување на оваа процедура и доставување на целокупната документација, можат да бидат обезбедени и префрлени финансиските средства.

  • „Средствата кои претходно биле предвидени во буџетот на Министерството не биле реализирани затоа што законската постапка не била завршена и не била доставена потребната документација. Тоа не значи откажување од поддршката, туку незавршена постапка од страна на надлежниот орган“, се наведува во одговорот.

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top