Регион

ЕК покренува постапка против Бугарија за прекумерниот буџетски дефицит

Ако Софија не го намали дефицитот под 3 отсто во следните шест месеци, ќе плати казна од 0,05 отсто од БДП

Тоа што бугарскиот премиер Румен Радев неодамна го најави доби официјална потврда од Брисел – Европската комисија ќе предложи отворање постапка против Бугарија за прекумерниот буџетски дефицит, потврди европскиот комесар за економија Валдис Домбровскис.

Комисијата ја предложи постапката на 3 јуни, наведувајќи дека ќе чека на проценката на комитетот. По завршувањето на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург вчера, Домбровскис објави: „Европската комисија ја процени имплементацијата на барањето за дефицит од страна на неколку земји-членки и утврди дека Бугарија не го почитува. По мислењето на Економскиот и финансиски комитет, Комисијата ќе предложи да се отвори постапка за прекумерен дефицит за Бугарија.“

Доколку дефицитот на земја-членка на ЕУ надмине 3%, а односот долг-БДП надминува 60%, тогаш таа може да се најде во ситуација на прекумерен буџетски дефицит. Мерката ја наметнува ЕК со цел да ја дисциплинира соодветната земја и да ја принуди да се врати на референтната рамка во рок од 6 месеци по нејзиното активирање. Доколку не ги отстрани прекршувањата на својата фискална дисциплина до овој период, тогаш се воведуваат санкции, кои изнесуваат 0,05% од БДП.

Радев ги обвини претходниците на власт дека поради нивната финансиска политика Бугарија влегува во постапка за прекумерен дефицит.

ГЕРБ ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека под кабинетот на Росен Желјазков дефицитот ги исполнувал критериумите од Мастрихт, па Бугарија од 1 јануари годинава е членка на еврозоната.

ЕК неодамна објави прогноза дека буџетскиот дефицит на Бугарија годинава ќе достигне 4,1 проценти, а в година 4,3 отсто.

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

To top