Македонија

Јакимовски имал здравствени проблеми, бара одложување на затворската казна

Ексградоначалникот на Карпош во уште еден обид за ескивирање на поканата да се јави во затворот во Шутка на 2 јули

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе побара да му биде одложено извршувањето на казната затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“ поради здравствени проблеми.

На средба со новинарите денеска тој се пожали дека сè уште не ја добил пресудата од Апелацискиот суд за потврда на одлуката на Кривичниот, кој во четвртокот го известил дека на 2 јули мора да се јави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Целта им е како-така да ме пикнат во затвор, а потоа од сето тоа да прават перформанси“, рече Јакимовски, повикувајќи го Врховниот суд „да се одважи и да го земе овој предмет во обработка и да покаже дека во оваа држава има барем еден суд којшто е спремен да одолее на притисоци од власта и дека во оваа држава има правда“.

Некогашниот министер и лидер на ГРОМ треба да доотслужи уште околу седум месеци затвор, бидејќи во казната за бесправно градење на бараката што 13 години беше седиште на општината до изградбата на новата опшптинска зграда му е пресметано и времето поминато во притвор.

„Ова е прв и единствен случај некој во Македонија да оди во затвор за дивоградба“, изјави Јакимовски.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top