Македонија

Ахмети: Зошто Албанците да одат на избори, кога Христијан може да избере кого сака?

Изигрувачот на договорот за влада по принципот победник со победник повторно кука што ВМРО-ДПМНЕ не го избра ДУИ

Али Ахмети никако да прежали и да се помири со тоа што ДУИ замина во опозиција по 22 години на власт, обвинувајќи го за тоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.

„Оној што ќе ги добие изборите е легитимен претставник. Оној што ќе ги изгуби изборите, нека работи за да ги добие следните избори. Зошто Албанците да одат на избори, кога Христијан може да избере кого сака, кого го има за пријател и кого може да го намами во својот скут?“, праша лидерот на интегративците во својот говор на Изборното собрание на огранокот во Желино.

Ахмети го повтори својот став дека изборите се основа на демократскиот легитимитет и оти нивните резултати мора да бидат почитувани од сите политички партии, иако самиот по изборите во 2016 година, на кои во македонскиот блок победи ВМРО-ДПМНЕ, не го испочитува т.н. Мајски договор за формирање влада по принципот победник со победник.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top