Македонија

Еден човек се здоби со полесни изгореници во пожарот кај штипско

Во акцијата за гаснење и локализирање на пожарот учествуваат едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, како и работна машина (скип) од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, полициски службеници и екипи на Итната медицинска помош.

Едно лице се здоби со минимални изгореници во пожарот што денеска избувна меѓу селата Долани и Љуботен во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. На повреденото лице веднаш му е укажана медицинска помош од екипа на Итната медицинска помош, а според досегашните информации нема други повредени.

По пријавата за пожарот во атарот на селото Долани, Територијалната противпожарна единица од Штип интервенирала со две екипи. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори се изорани заштитни појаси, по што огнот е ставен под контрола и изгаснат, со што е спречена опасноста од негово ширење кон населеното место.

  • „Во моментов пожарот се шири во правец кон селото Љуботен, каде што се зафатени сува трева, нискостеблеста вегетација и борова шума“, се вели во соопштението од ЦУК.

Во акцијата за гаснење и локализирање на пожарот учествуваат едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, како и работна машина (скип) од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, полициски службеници и екипи на Итната медицинска помош.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top