Македонија

Владата на Македонија го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки со Албанија – ќе стартува на Ќафасан

Денес на седница на Владата на Република Македонија е донесена одлука за пуштање во употреба на системот за заеднички гранични проверки („One Stop Shop“) со Република Албанија, соопшти заменик-министерката за внатрешни работи Венера Азизи.

Со ова, како што посочи Азизи, се заокружува воспоставувањето ваков систем со трите соседни земји што не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека тој систем веќе функционира со Србија и Косово. За негово целосно стапување во сила останува да биде потпишан договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.

Според најавите, системот најпрво ќе почне да се применува на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширен и на останатите гранични премини со Албанија. Целта е да се овозможи побрзо, поедноставно и побезбедно преминување на границата, особено во летниот период кога значително се зголемува бројот на патници и се создаваат подолги колони.

Потребата од вакво решение ја потврдуваат и податоците за фреквенцијата на патници. Во текот на 2025 година на граничните премини со Албанија биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои 2.318.080 поминале преку граничниот премин Ќафасан.

Од Владата очекуваат воведувањето на „One Stop Shop“ да придонесе за поефикасен проток на патници и значително намалување на времето на чекање на граничните премини.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Турската „Џаво отомотив“ отвора фабрика, ќе вработи 500 луѓе

Турската компанија „Џаво отомотив“, специјализирана за производство на автоделови, ќе инвестира во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, каде што од крајот на септември ќе отвори нов производствен капацитет и ќе вработи околу 500 лица. Инвестицијата, вчера, во Влада ја промовираа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Според Мицкоски, станува збор за браунфилд-инвестиција која во првата фаза ќе стартува со закуп на постоен објект од 8.000 квадратни метри, додека до 2028 година производствените капацитети ќе бидат проширени на 21.000 квадратни метри.

To top