Македонија

Теодосиевски: Сектата СДСМ итно бара „Бугари во Уставот“ и да ѝ се седне на Бугарија во скут, што би бил историски, јазичен, идентитетски и национален масакр на Македонија!

„Ако ѝ седнете на бугарија в скут, тогаш следи историски, јазичен, идентитетски, национален масакр! Тоа ќе биде комплетен историски масакр на македонското право на сопствена историја, на саможртвата на оние национални револуционерни дејци, ќе биде черечење на македонскиот јазик како „блгарски дијалект“ (што неодамна, повторно, го слушнавме во Софија!), ќе претставува целосно откажување од македонските корени и национални проблесоци! Не е ли основен политички ред опозицијата конечно да се изјасни дали со прифаќањето на уцената „Бугари во Устав“ и т.н. „француска рамка“ за почеток на пристапните преговори едновремено ја прифаќаат и „заедничката историја“ и разрешување на оние „наследени политички и историски проблеми“, што им се вртат во главата на Радев и бугарските ултранационалисти? Зашто тој процес нема да биде уште една домашна политикантска манипулација како „Преспанскиот договор.“ – нагласува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Историски масакр во два чина, или: која историја (уште) ќе ја менуваат?“, објавена на порталот „Плус инфо“.

Теодосиевски пишува: Веројатно на секој разумен човек му е повеќе од јасно дека Македонија како држава денес е исправена пред можеби најопасните предизвици во поновата историја – пред општа културна војна со непредвидливи далекусежни последици. Воведот на тој предизвик започна уште во 1991 година со „спорот за името“, а првиот чин заврши во јуни 2018 година со она фрапантно „на слепо“ и апсолутно неморално коцкање со уставното име на државата, во тој миг признато од 140 држави во светот, вклучувајќи ги и САД, Русија, Кина итн.! Не само спротивно на ставот на мнозинството граѓани кои отворено искажуваа несогласување и револт, туку и бидејќи тогашната власт беше наивно злоупотребена и изманипулирана околу ветувањето за започнување на пристапните преговори со еу (малите букви се…) веднаш по промената на уставното име! Тогашната власт скандалозно лажеше и потоа страотно перфидно манипулираше со „референдумското“ прашање

Не треба да се заборави дека тогашната опозиција, а сегашна власт, не даде парламентарна поддршка на „Преспанскиот договор“, но еден нејзин дел сепак на тогашната власт, сега опозиција ѝ обезбеди двотретинско мнозинство за изгласување на уставните амандмани!

Денес истата секта, која глуми дека е опозициска СДСМ, прави сѐ да ја отежне меѓународната положба на власта, поради нејзиното спротивставување на политиката на уцени од страна на источниот сосед и еу! Но аргументите на сегашната власт се неспоредливо поцврсти, појасни, поддржани од голем дел од јавноста и граѓаните, но и од видни личности од меѓународната јавност. А опозицијата сега надразнувачки се инаети и крајно сомнителното ја подметнува и манипулира со бесмислицата „Бугари во Уставот“.

 Но овде веќе станува збор за опстанокот на државата и нејзината историја, јазик, култура и идентитет, иако опозицијата го релативизира тоа и бара итна промена на Уставот: безусловно, наспроти сите аргументирани предупредувања од компетентни поединци во државата и надвор од неа! Ова е неразумна, скандалозно недржавничка лекомисленост со елементи на длабоко предавство!

 Зарем глупавоста, ароганција, незнаењето и незаинтересираноста на СДСМ за судбината на државата треба да ја турне во неизвесен процес на преиспитување на целата историја на Македонија? И б’лгарски индоктринирани историчари да ни држат лекции кои сме, што сме, какви сме, од кога сме? Зашто, како и да ја вртите искажаната од Радев формулација, таа значи – токму тоа! Свесен ли е докторон за тоа, или оној „меѓународнион“ шарлатан, или веќе смешнана заменик-претседателка и целиот Извршен одбор на СДСМ!?

Ако ѝ седнете на бугарија в скут, тогаш следи историски, јазичен, идентитетски, национален масакр! Не е ли основен политички ред опозицијата конечно да се изјасни дали со прифаќањето на уцената „Бугари во Устав“ и т.н. „француска рамка“ за почеток на пристапните преговори едновремено ја прифаќаат и „заедничката историја“ и разрешување на оние „наследени политички и историски проблеми“ што им се вртат во главата на Радев и бугарските ултранационалисти? Зашто тој процес нема да биде уште една домашна политикантска манипулација како „Преспанскиот договор“?

 Тоа ќе биде комплетен историски масакр на македонското право на сопствена историја, на саможртвата на оние национални револуционерни дејци, ќе биде черечење на македонскиот јазик како „блгарски дијалект“ (што неодамна, повторно, го слушнавме во Софија!), ќе претставува целосно откажување од македонските корени и национални проблесоци итн.

Или Филипче и неговата булумента не мислат така? Некој од таа секташка булумента мора јавно да одговори на сите овие прашања. И на многу дури. А ќе ги има, богами, илјадници. Тука е и општинската организација на соваа секта од од Свети Николе, која идиотски „согледува“ дека злосторствата на бугарскиот фашистички окупатор, како оној масакр на младинци во Ваташа, „не се вршени на национална основа (…) туку е тоа период на идеолошка војна помеѓу поддржувачите на комунистичкото и партизанското движење од една страна и врховисти, усташи, балисти и четници од друга страна“!.Каде ли живеат токмаците од таа секта со вакви скандалозни „мудрувања“, во кој свет?! Што имаат во главите наместо ум?!

 

Најнови вести од: Македонија

Европскиот парламент: Позитивна оценка за Македонија и јасна поддршка за ЕУ

Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува на периодот до ноември 2025 година, содржи повеќе важни и позитивни оценки за државата.

ЕП „пресуди“: „Заедничката историја“ и „опипливите резултати на Заедничката историско-образовна комисија“ со Бугарија остануваат услов за РМ на патот кон ЕУ!

Европскиот парламент денеска ги усвои годишните извештаи за пет земји од Западен Балкан – Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. За извештаите европратениците расправаа вчера на заедничка седница. Извештајот за Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, во гласањето помина со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 „воздржани“. Но, амандманот 3, предложен од Вајц, беше отфрлен. Со него се предвидуваше бришење на ставот 73 од резолуцијата. Но, повеќето пратеници изгласаа тој да остане во текстот.

Разидувања во Владата на Бугарија?! – МВР дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини, но за МНР Чамова „тоа ќе биде контрапродуктивно за Бугарија“!

Бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 Јуни. Блокадата, која ќе трае 2 часа, е организирана од антимакедонската бугарска Фондација Македонија. Во најавата за блокадата на Деве Баир, Делчево и Ново Село се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија. Но, министерката за надворешни работи од истата Влада на Бугарија нагласува дека „ваквите иницијативи не се поврзани со активностите на бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националниот интерес на Бугарија“! Значи ли ова дека за истата тема има разидувања во бугарската извршна власт?!

Мицкоски: В петок и сабота средби со Вреди и ЗНАМ за владината реконструкција

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска информираше дека во петок и сабота ќе се одржат средбите со коалициските партнери од Вреди и ЗНАМ, на кои ќе се разговара околу најавената реконструкција на Владата. „Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди останува стабилна и ќе продолжи да се развива во истиот правец.“ – нагласи Мицкоски.

Георг Георгиев: Македонија ја нападна ЕУ!?

Нападот врз бугарската мисија во Скопје не е само напад врз една земја, туку е напад врз земја-членка на ЕУ, а во оваа смисла и врз целата Европска Унија, рече пратеникот од пратеничката група на ГЕРБ-СДС и поранешен министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој од собраниската говорница прочита декларација во име на пратеничката група.

Најнови вести

To top