Македонија

Трагична несреќа: Работник почина откако се заглавил во одводен канал кај Горно Јеловце

Полициските службеници излегле на терен и утврдиле дека станува збор за Н.М. (64) од селото Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ – Гостивар

Вработен во ЈП „Комуналец“ – Гостивар загина при чистење на одводни канали во атарот на селото Горно Јеловце, соопштија од СВР Тетово.

На 15 јуни, во 12:47 часот, до полицијата била пријавена информација дека во воден канал има починато лице.  Полициските службеници излегле на терен и утврдиле дека станува збор за Н.М. (64) од селото Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ – Гостивар.

Според првичните информации, тој заедно со колеги бил на локација со одводни канали за прибирање на проточни води. За време на работните активности, се заглавил во еден од каналите.

Екипа на Територијалната противпожарна единица – Гостивар го извлекла од каналот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Надлежните служби спроведуваат истрага за целосно утврдување на околностите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top