Свет

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денесак за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

На меѓународните берзи цената на нафтата падна под 80 долари за барел првпат од почетокот на март. Овој остар пад следува по оптимизмот за постигнатото привремено примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Според најавите, договорот треба да овозможи целосно отворање на стратешкиот премин Ормуз до крајот на неделата, што ќе стави крај на најголемиот застој во историјата на глобалната испорака на енергенси.

Оптимизмот на пазарите расте откако американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека преминот ќе биде целосно отворен до петок и ќе функционира без транзитни трошоци. Оваа стратешка поморска рута беше ефективно затворена од 28 февруари поради воениот конфликт со Иран. Блокадата во еден момент ја искачи вредноста на европскиот нафтен стандард Брент на речиси 120 долари за барел. Според податоците од средата наутро, нафтата од типот Брент за испорака следниот месец се тргуваше за 78,37 долари, додека американскиот стандард достигна 75,45 долари за барел.

И покрај падот на цените од над 33 отсто во изминатиот месец, европските претставници повикуваат на претпазливост. Европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен посочи дека дури и со моментално примирје, враќањето во нормала нема да се случи во догледна иднина. Стариот континент увезува меѓу 80 и 85 отсто од своите вкупни потреби за нафта и е директно зависен од меѓународните референтни цени. За граѓаните да почувствуваат реално поевтинување, аналитичарите укажуваат дека мора да паднат осигурителните премии за воен ризик и транспортните тарифи, а осигурителните компании сè уште чекаат докази за безбедноста на рутата.

Аналитичарите на Волстрит се надеваат дека овој договор ќе донесе долгорочно решение за конфликтот кој ја влоши глобалната инфлација. Сепак, Меѓународната агенција за енергија предупредува дека енергетската индустрија ќе има потреба од неколку месеци за да се врати на полн капацитет. Главна пречка во понатамошните преговори останува статусот на иранската нуклеарна програма, како и брзината со која регионалното производство може да закрепне. Посебно внимание се посветува и на катарскиот индустриски комплекс Рас Лафан, кој е најголем светски центар за извоз на течен гас, каде што беа пријавени значителни штети на инфраструктурата.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top