Регион

Еди Рама: Што бараат Албанци од Тетово на протести во Тирана

Албанскиот премиер Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“

„Албанците од С. Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците од Косово, кои имаат своја независна држава“, напиша Рама во објава на социјалните мрежи.

Еди Рама: Лага е дека Албанија му продава земја на зетот на Трамп

22 дена Албанија се соочува со континуирани протести, наречени Фламинго-револуција, предизвикани од контроверзниот проект за изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со комапнија на Џаред Кушнер, зет на претседателот на САД Доналд Трамп.

Но албанскиот премиер не реагираше на обидот од пред еден месец студенти од Албанија да патуваат во Скопје за да го поддржат протестот на студентите-Албанци кои бараа правосудниот иуспит да се полага на албански јазик.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

Салвини: Италија нема да прифаќа мигранти, вратени од Германија!

Италија во догледна иднина нема да ги прифаќа мигрантите коишто Германија сака да ѝ ги врати и покрај новите правила на Европската унија, изјави во саботата италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.

Јотова за Бугарите во Македонија: Нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права!

Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори темата за положбата на Бугарите во Македонија. Таа рече дека „Софија нема да се откаже од нив и ќе продолжи да ги штити нивните права“. Јотова ова го наведе вчеравечер од месноста „Петрова нива“ во село Стоилово, во Бугарија, каде што учествуваше на „одбележувањето на 123 годишнината“ од таканареченото „Илинденско-Преображенско востание“.

To top