Македонија

Мицкоски за реконструкцијата: Преовладува конструктивен амбиент

Постои опција и за промена на ресори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со владините коалициски партнери за реконструкцијата на Владата се одвиваат во конструктивна атмосфера и дека меѓу опциите за кои се разговара е и промена на одделни ресори.

„Во првите разговори можам да признаам дека преовладува конструктивен амбиент. Ќе имаме сега во текот на оваа недела повторно средби. Очекувам тоа да бидат завршни. Во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња и со останати специфики. Инаку, да, постои опција и за промена на ресор, да, и за тоа е разговарано“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека во наредните денови ќе продолжат консултациите со коалициските партнери, по што ќе бидат соопштени конкретните решенија, вклучително и кадровските промени и евентуалните прераспределби на ресори во Владата.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top