Свет

Снајперисти како да имаат „дозвола за убивање“ Палестинци

По случаен избор пукаат во толите луѓе кои чекаат хуманитарна помош

 

Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), Филип Лазарини, ја критикуваше шемата за дистрибуција на помош што Хуманитарната фондација за Газа (GHF) поддржана од САД, ја спроведува од крајот на мај, кога Израел ја укина 11-неделната блокада.

„Таканаречената шема за дистрибуција на GHF е садистичка стапица за смрт. Снајперистите пукаат неселективно во толпата како да имаат дозвола да убиваат“, рече тој, пренесе Гардијан

Лазарини уште предупреди дека персоналот на UNRWA, лекарите и хуманитарните работници се онесвестуваат на должност во Појасот Газа од глад и исцрпеност.

Агенцијата соопшти дека добила десетици итни пораки од својот персонал во кои се опишани тешките услови за живот и работа во енклавата.

„Никој не е поштеден:  На оние што им помагаат на луѓето во Појасот Газа им е потребна помош. Лекарите, медицинските сестри, новинарите и хуманитарните работници се гладни“, предупреди шефот на UNRWA, Филип Лазарини, пренесе неговиот портпарол на брифингот во Женева.

„Многумина се онесвестуваат од глад и исцрпеност додека ги извршуваат своите должности: известуваат за злосторства или ги ублажуваат страдањата“.

 

 

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top