Македонија

Трибината „Перименопауза и менопауза без митови – што се случува и како да си помогнеме“

Иницијатива на ЗПГА за информирање за најновите сознанија за перименопаузата и менопаузата, хормоналните промени и нивното влијание врз физичкото и менталното здравје кај жените

Здружението на приватни Гинеколози и Акушери (ЗПГА) /(матични гинеколози) реализираше еднодневна едукативна трибина со работен наслов „Перименопауза и менопауза без митови – што се случува и како да си помогнеме“. Целта на овој стручен собир беше да се понудат стручни и научно засновани информации, да се даде придонес кон подобро разбирање на перименопаузата и менопаузата и да ги охрабри жените навремено да побараат совет и поддршка за симптомите и промените со кои се соочуваат.

Преку мултидисциплинарен пристап, присутните имаа можност да се запознаат со најновитесознанија за перименопаузата и менопаузата, хормоналните промени и нивното влијание врз физичкото и менталното здравје, современите можности за третман, како и улогата на психолошката поддршка, исхраната и здравите животни навики во подобрувањето на квалитетот на животот на жените во овој период.

На трибината свои предавања одржаа д‐р Наташа Илиева, специјалист гинеколог‐акушер и научен соработник на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, д‐р Bonnie Hawthorne, специјалист по семејна медицина од Австралија, Маруја Чурукоска, лиценциран психолог и гешталт советувач, и Сандра Толовска, сертифициран тренер за здрава исхрана и здрав животен стил.

Настанот привлече голем број заинтересирани посетители, а особено значаен дел беше интерактивната дискусија, во која присутните активно поставуваа прашања и споделуваа лични искуства. Големиот интерес и отворената комуникација уште еднаш ја потврдија потребата од повеќе едукација и јавен дијалог за темите поврзани со здравјето на жените во средната возраст.

„Менопаузата не е болест, туку природна животна фаза низ која поминува секоја жена.Со точни информации, навремена стручна поддршка и индивидуализиран пристап,жените можат да го зачуваат своето здравје, благосостојба и квалитет на живот“, истакнаа од ЗПГАМ.

Трибината е дел од континуираните активности на Здружението на приватни гинеколози и акушери на Македонија (ЗПГАМ), насочени кон едукација, превенција и унапредување на здравствената писменост на жените. Здружението и во иднина ќе продолжи да организира настани и иницијативи кои придонесуваат за подобро информирање и поголема грижа за женското здравје. Во оваа прилика, ЗПГАМ упатува искрена благодарност до UNFPA – Фондот за население на Обединетите нации, за поддршката, присуството и препознавањето на значењето на оваа тема. Ваквата соработка претставува значаен придонес во напорите за унапредување на здравствената едукација и поддршка на жените во различни животни периоди.

Најнови вести од: Македонија

АЛТА Банка со донација за детски духовно – образовен камп во Охрид

Во АЛТА банка веруваме дека грижата за децата и младите е вложување во иднината на целата заедница. Затоа продолжуваме да поддржуваме иницијативи кои поттикнуваат заедништво, солидарност, човечност и создаваат можности за подобар и посигурен развој на оние на кои поддршката им е најпотребна.

Ѓорге Иванов: Дијалогот е единствен пат кон мир и стабилност

Во периодот од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери.

To top