Свет

Срамна бугарска битка во Германија (ВИДЕО)

Масовна тепачка во Мокрена – срамна слика на „бугарската култура“ во Германија

Во северна Саксонија, во местото Мокрена, се случи масовна тепачка во која учествуваа околу 40 лица, претежно Бугари и Словаци. Групите се судрија на отворено, користејќи лопати и метални делови од автомобили како оружја, што резултираше со хаотична и насилна сцена.

Видеото од инцидентот брзо стана вирално на Инстаграм, предизвикувајќи големи реакции и дебати за интеграцијата на странските групи во Германија.

Оваа случка, за жал, доаѓа како дополнителен пример за проблематичното однесување на дел од бугарските граѓани во странство – истите оние чија држава систематски негира македонскиот идентитет, јазик и историја, и активно се меша во внатрешните работи на Македонија.

Наместо да градат подобра иднина, ваквите сцени само ја продлабочуваат сликата на неинтегрираност и насилен менталитет.

Полицијата се уште ги истражува причините за масовната тепачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NIUS (@nius.de)

Најнови вести од: Свет

To top